Haydar Hadi
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
БАГДАД (АА) - Во рамките на акцијата на ослободување на ирачкиот град Мосул од терористичката организација ДЕАШ до сега е вратена контрола над 1.836 квадратни километри територија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова во Багдад го изјави заменик министерот на внатрешни работи на Ирак, Акил Хазели, а во таа прилика се осврна на акцијата на осободување на Мосул, и истакна дека целта е да се влезе во центарот на овој град.
„Во текот на акцијата на ослободување вратиме контрола од ДЕАШ над 1.836 километри квадратни територија. Контролата е преземена над повеќе од 95 села и региони”, истакна Хазели.
Тој нагласи дека најризичните и најважните фронтови во акцијата се поверени на полициските сили, кои според неговите зборови се подготвени за контролирање на територијата откако Мосул во потполност ќе биде ослободен од ДЕАШ.
Хазели истакна дека разузнавачките служби започнале со работа на откривање на припадниците на ДЕАШ кои останаа во Мосул.
„Започнавме со апсење на милитантите. Утврдено е исто така, дека одреден број од нив се камуфлирале меѓу бегалците”, порача Хазели.