Gülbin Yıldırım
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека сака на функцијата министер за трговија да го види милијардерот Вилбур Рос, а како министер за финансии Стивен Мнучин, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вилбур Рос е шампион на американската индустрија и знае како да им помогне на компаниите за да бидат успешни. Што е најважно, тој е најдобар преговарач кој сум го запознал досега“, истакна Трамп во писменото соопштение.
Од друга страна, Рос во писмена изјава изрази задоволство од номинацијата за министер за трговија на САД.
„Сè повеќе сум нетрпелив да започнеме со реализирање на стратегијата за економски развој врз основа на политиките што ќе ги креираме во соработка со министерот за финансии Стивен Мнучин“, вели Рос.
Откако 25 години работеше за компанијата Ротшилд, Рос започна свој бизнис, а неговото моментално богатство се проценува на 2,9 милијарди долари.
Трамп денеска ја објави и кандидатурата на Стивен Мунчин за нов министер за финансии на САД.