Ekipa
27 Ноември 2021•Ажурирај: 28 Ноември 2021
АЛЖИР (АА) - Во Алжир се одржуваат предвремени локални избори за избор на членови на општинските и покраинските совети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Избирачките места беа отворени во 8:00 часот по локално време, а ќе се затворат во 19:00 часот.
Според Алжирската изборна комисија, 23.717.479 гласачи имаат право на глас кое имаат можност да го искористат на вкупно 13.326 избирачки места и 61.676 канцеларии.
Од средата гласаат номадите во пустината.
На изборите учествуваат 1.158 кандидати за 58 места во покраинскиот совет од кои 877 се дел од партиските листи, а 281 се независни кандидати.
Од друга страна, 4.860 кандидати од партиските листи и 988 независни кандидати се натпреваруваат за места во 1.541 општина, според податоците на Независната национална изборна комисија.
Ова се втори избори на кои Алжир го применува системот на отворени листи, што им овозможува на гласачите да ги подредат кандидатите во истата листа според своите желби. Претходната затворена листа им нудеше на гласачите да избираат врз основа на уредувањето од партијата.
Во јуни Алжирците гласаа на парламентарните избори.