Besar Ademi
17 Декември 2016•Ажурирај: 17 Декември 2016
СКОПЈЕ (AA) - Државната изборна комисија (ДИК) ја започна јавна седница на која се разгледува последниот од осумте поднесени приговори од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), кој има врска со пребројувањето на гласачките ливчиња за предвремени парламентарни избори на 11 декември, јавува Anadolu Agency (AA).
По објавувањето на резултатие од изборите до ДИК се поднесени осум жалби од партијата БЕСА и осум од коалицијата предводена од СДСМ. ДИК досега усвои само еден приговор на БЕСА, со кој што се поништува гласањето во избирачкото место во Гостивар, одби пет приговори поднесени од коалицијата предводена од СДСМ, додека два приговори повлече СДСМ.
Во врска со последниот, осми приговoр на партијата БЕСА кој се однесуваше на гласањето во шестата изборна единица во Гостивар, Државната изборна комисија со 6 гласа за и 3 против гласаше за негово усвојување. Приговорот се однесува за граѓанин кој не можеше да си го оствари своето избирачко право.
Вчера беше прекината седницата на ДИК поради бучавата која ја создаваа собраните граѓани, поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, кои фрлаа пиротехнички средства пред зградата на оваа институција. Тие и денеска се собираат на истото место, поради како што велат, обидот да се спречи волјата на поголемиот дел од граѓаните.
Пред три дена ДИК започна со разгледување на добиените приговори од БЕСА и СДСМ. Во текот на работата на оваа институција, неколку стотици приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ постојано протестираат пред ДИК, вклучително и во текот на денешната седница. Поддржувачите бараат од ДИК што поскоро да ја прифати победата на ВМРО-ДПМНЕ на превремените парламентарни избори одржани на 11 декември.