Ruslan Rehimov
08 Ноември 2020•Ажурирај: 08 Ноември 2020
БАКУ
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, соопшти дека од окупација е ослободен градот Шуша, кој е град симбол на Нагорно Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).
Алијев во обраќањето до јавноста ја соопшти добрата вест за спасување на Шуша од 28-годишна окупација.
Азербејџанскиот претседател соопшти дека азербејџанските војници го спасиле градот Шуша, упатувајќи честитки до народот.
Според него, овој ден ќе сотане како важен ден во историјата на Азербејџан.
„Шуша има значајно место во историјата на Азербејџан. Шуша е бисер не само на Азербејџан, туку на целиот Кавказ. По 28 години ќе се чуе езан во Шуша“, рече Алиев.
Инаку, градот Шуша беше окупиран на 8 мај во 1992 година од страна на Ерменија.
Шуша бил изграден во 1752 година од страна на владетелот на Карабах, Пенахали, а градот е важен не само за своите жители туку за сите жители на Азербејџан поради што поседува голем број историски споменици, како и тука биле родени голем број истакнати научници и важни лица од областа на културата.
Покрај што е град симбол на азербејџанската историја и култура, Шуша има и стратешка важност поради својата географска положба и поради што се наоѓа на матот кој води кон најголемиот град на Нагорно Карабах, Ханкенди.
Азербејџанската војска на 27 септември започна операција во Нагорно Карабах во чии рамки од ерменска окупација спаси четири центри на градови, три помали градови, околу 220 села и некои важни позиции.