Ruslan Rehimov
08 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
БАКУ
Азербејџанската Војска им нанесе загуби на ерменските сили, кои во текот на ноќта на различни места од фронтот отворија оган врз азербејџанските војници и населени места, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан, судирите претежно продолжиле во насока на Агдере, Агдам, Хоџавенд и Губадли.
Во соопштението се наведува дека во последните 24 часа ерменските сили претрпеле сериозен удар.
Се истакнува дека ерменските сили претрпеле загуба на персонал и воена опрема во некои зони на фронтот и дека биле принудени да се повлечат.
Според соопштението, азербејџанската Војска уништила 4 тенкови од типот „T-72“ на Ерменија, две артилериски оружја од типот „D-20“, како и неколку камиони полни со муниција.
Во соопштението се нагласува дека ерменската Војска вчера извршила артилериски гаѓања кон градовите Тертер, Берде, Агдам, Агџабеди и Губадли, и дека има загуби и повредени меѓу цивилите.
Се вели дека операциите продолжуваат по должината на целиот фронт и дека оваа состојба е под контрола на азербејџанската Војска.
Според соопштението, ерменската Војска го прекршува примирјето меѓу двете земји, а од ерменско тло е отворен оган врз азербејџанските позиции во Товуз, Гедебеј и Дашкесен.