Ruslan Rehimov
11 Октомври 2020•Ажурирај: 13 Октомври 2020
БАКУ
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, истакна дека администрацијата на Ерменија е одговорна за нападот извршен врз Генџе и рече дека Азербејџан ќе одговори на сите овие случувања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Алијев преку објава на социјалната мрежа Твитер потсети дека Ерменија, прекршувајќи го примирјето, изврши ракетен напад врз цивилите во Генџе.
Азербејџанскиот претседател го опиша овој напад како воено злосторство, и рече дека Ерменија отворено ги прекршува договорите од Женева.
„Овој напад е непочитување на преговорите одржани со посредство на Русија и е различна манифестација на ерменскиот фашизам. Овие подли напади никогаш не може да ја скршат волјата на азербејџанскиот народ“, рече Алијев.
Тој истакна дека ракетниот напад врз Генџе бил извршен од ерменскиот град Варденис, и дека во нападите на Ерменија извршени во последните 2 недели загинале 41 цивил, додека повредени се над 200 цивили.
Според него, Ерменија има за цел повторно да ги окупира зоните кои азербејџанската Војска ги ослободи од окупација.
„Воената и политичката администрација на Ерменија е одговорна за сите овие злосторства. Азербејџан ќе го даде потребниот одговор на овие случувања“, додаде Алијев.