Halime Afra Aksoy
11 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
САНА
Фондот за население на Обединетите нации (UNFPA) објави соопштение по повод Светскиот ден на менталното здравје, преку кое соопшти дека секое петто лице во Јемен се соочува со ментално нарушување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се нагласува дека оваа бројка можно е да е поголема поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) и војната, која веќе шест години продолжува во земјата.
Се вели дека бројот на психијатри по лице во земјата е недоволен, и дека состојбата е уште повеќе влошена поради затворањето на некои центри за ментално здравје, кои веќе биле во мал број во оваа земја.
Според соопштеното, актерите што се активни во хуманитарните активности планираат да ја намалат финансиската поддршка.
Се упатува апел за оваа година да се осигури поголема помош во областа на менталното здравје.
Фехмије ел Фетих од УНФПА во изјава за АА истакна дека овој фонд има потреба од 9 милиони долари до крајот на 2020 година за програмите за (здравствена, психолошка и правна) заштита на жените, како и за програмата за психолошка заштита.
Фетих рече дека во случај поддршката да не се обезбеди до крајот на октомври, ќе бидат затворени 21 центар за психолошка поддршка, што служат во различни градови, вклучувајќи ги и Иб, Таиз и Хадрамевт.
Фондот за развој при ОН соопшти дека во Јемен има само 50 регистрирани психијатри.