Ruslan Rehimov
01 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
БАКУ (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, упати честитка до претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод победата на неговата Партија за правда и развој (AK Parti) на денеска одржаните локални избори во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кабинетот на претседателот на Азербејџан е наведено дека Алијев телефонски разговарал со турскиот претседател Ердоган.
Алијев за време на разговорот истакнал дека победата на АК Партијата на изборите е најдобар показател за поддршката на претседателот Ердоган и неговата политика.
По тој повод Алијев му честитал на Ердоган за победата, на што Ердоган се заблагодарил срдечно.
Во разговорот било истакнато дека секогаш ќе се работи на зајакнувањето на пријателските и братските односи на Турција и Азербејџан.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас исто така упати честитка до турскиот претседател Ердоган по повод победата на АК Партијата на денешните локални избори.
Палестинската новинска агенција (WAFA) објави дека Абас во телефонски разговор со Ердоган честитал за победата и се заблагодарил на турскиот претседател за поддршката која ја пружа на палестинскиот народ.