Berk Kutay Gökmen
12 Мај 2026•Ажурирај: 12 Мај 2026
Американскиот амбасадор во Тел Авив, Мајк Хакаби, денес изјави дека Израел пратил противракетни батерии „Железна купола“ и персонал во Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) за време на војната со Иран, пренесува Анадолу.
Мајк Хакаби ги даде овие изјави на настан во Тел Авив, Израел, пренесува „Си-би-ес њуз“.
„Би сакал да упатам благодарност до Обединетите Арапски Емирати, прва членка на Аврамскиот договор“, рече Хакаби.
„Погледнете ги само придобивките. Израел штотуку им прати батерии 'Железна купола' и персонал што ќе помогне во нивното ракување.“
До 09:00 часот по Гринич немаше одговор од Абу Даби во врска со тврдењата на Мајк Хакаби.
Израел и САД започнаа напади врз Иран на 28 февруари, што предизвика одмазда од Техеран, насочена кон американските бази и капацитети на Блискиот Исток.
САД ја обвинија Кина за поддршка на Иран и воведоа санкции за рафинериите за нафта, како и за компаниите за сателитски снимки.
Повеќе од 3.300 луѓе загинаа, а десетици илјади беа раселени во Иран.
Најмалку 13 американски војници беа убиени, а десетици беа повредени за време на конфликтот, кој беше прекинат на 8 април откако Пакистан обезбеди прекин на огнот меѓу завојуваните страни.