Emre Gürkan Abay
12 Август 2026•Ажурирано: 12 Август 2026
Руски суд ги казни Телеграм и Гугл со вкупно 313.000 долари поради тоа што не отстраниле содржина забранета во земјата, јавува Анадолу.
Таганскиот окружен суд во Москва денес донесе одлуки по предметите подигнати против Телеграм и Гугл.
Судот му наложи на Телеграм да плати 18,4 милиони рубљи (221.500 долари), а на Гугл 7,6 милиони рубљи (91.500 долари), откако утврди дека двете платформи не ги почитувале законите со кои се бара отстранување на забранета содржина.
Руските власти претходно казнуваа и други странски интернет-платформи, меѓу кои Инстаграм, Јутуб, Х и ТикТок, поради слични пропусти во отстранувањето незаконска содржина и исполнувањето на обврските утврдени со руските закони.
Руските власти, исто така, продолжија со забраната за пристап до Телеграм во земјата.