Mohamad Misto
12 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
ХАСЕКА (АА) - Еден припадник на прорежимската милиција на Асад е убиен во судир со американските сили во сириската покраина Хасека, по што следуваше воздушен напад на американски воени авиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
АА од веродостојни извори дознава дека на патниот правец Хасека - Камишли, кај контролната точка кај селото Хирбет Амо дошло до судир меѓу американската војска и припадници на прорежимската милиција „Шабиха“, откако американски конвој бил спречен да помине од страна на прорежимските сили.
Изворите велат дека по судирите, два американски воени авиони извршиле напад на два контролни пункта кај истото село.