Vakkas Doğantekin
28 Февруари 2020•Ажурирај: 29 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Активностите на Турција во Сирија го запираат прелевањето на големата хуманитарна криза во Европа, истакнува американски експерт за надворешна политика, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лук Кофи, директор на Центарот за надворешно-политички студии „Алисон“ во Вашингтон, од Фондацијата „Херитиџ“, изрази поддршка за Турција во борбата против сирискиот режим и неговите сојузници, кои убија, ранија, депортираа и раселија милиони Сиријци во текот на војната во Сирија.
„Сега, турските војници (наши браќа и сестри од НАТО) се борат против Асад и руските сили во Сирија. Тие се единствените што го спречуваат прелевањето на големата хуманитарна криза во Европа“, напиша Кофи на Твитер по синоќешниот воздушен напад на сирискиот режим, во кој животот го загубија 33 турски војници.
„Многу турски војници загинаа како херои (шехиди). Господ да ги благослови и да ги заштити!“, додаде Кофи објавувајќи американско и турско знаме.
Турските војници се наоѓаат во Идлиб, северозападна Сирија, и работат на заштита на цивилите според договорот од 2018 година со Русија, според кој се забранети сите акти на агресија во тој регион.
И покрај протестирањето на Турција, договорот за деескалација е прекршуван повеќепати од режимот на Асад и неговите сојузници, поради што околу милион сириски мигранти, кои бегаат од нападите, дојдоа до турската граница.
Претходно, Мајк Доран, од американскиот Институт „Хадсон“, се спротивстави на изјавите на одредени американски експерти за надворешна политика во врска со Турција.
„Повратете си го вашето помнење кога Трамп се повлече во североисточна Сирија за да излезе во пресрет на загриженоста на Турција. Се сеќавате на фалангата експерти и луѓе кои говореа дека Ердоган е марионета на Путин?“, напиша Доран на Твитер.
„Колкумина од нив сега ќе признаат дека нивните проценки биле премногу погрешни?“, додаде тој.
Поради синоќешниот воздушен напад во кој како ѓехиди животите ги положија 33 турски војници, Анкара вети дека ќе се одмазди кон сите познати цели што му припаѓаат на нелегитимниот сириски режим.
Според официјалните претставници на ОН, од месец декември околу 900.000 луѓе се раселени поради нападите на режимот на Асад, поддржани од Русија.