Betül Yürük
22 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
ЊУЈОРК (АА) - Американските медиуми објавија дека врз Стејт департментот е извршен кибернапад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Известувањето за можно сериозно прекршување биле испратено од киберединицата при Министерството за одбрана (Пентагон), објави американскиот канал „Фокс њуз“.
Во текстот се наведува дека нападот бил извршен пред две недели.
Претставник на Стејт департментот, кој даде изјава за „Фокс њуз“, рече дека од безбедносни причини во моментов не можат да дадат информации за природата или степенот на наводниот инцидент.