Elvir Hociç
05 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
ВАШИНГТОН/ЊУЈОРК (АА) - Со паради и огномет низ САД вчера беше одбележан Денот на независноста, најважниот американски празник, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници Американци и туристи се собраа на брегот на Ист Ривер од каде што го гледаа огнометот и забавата посветени на Денот на независноста.
Декларацијата за независност на Соединетите Држави од Велика Британија беше потпишана на 2 јули 1776 година, а празникот се слави четвртиот ден по прогласувањето на вториот американски претседател, Џон Адамс.
Тоа е празник кога Американците ги истакнуваат патриотските чувства и традиционалните вредности и учествуваат на бројни паради и фестивали.