Gülşen Topçu
05 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (AA) - Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер ги погоди централниот и северните делови на Израел минатата ноќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на езерото Галилеј во истоимениот регион.
Повикувајќи се на изјавите на официјалните служби, израелскиот весник „Једиот ахронот“ („Yediot Ahronot“) објави дека нема настрадани, ниту поголема материјална штета.
И вчера, северниот дел на Израел претрпе малку послаб земјотрес, а локални извори објавија дека земјотресите предизвикале паника меѓу локалното население.