Ahmet Dursun
29 Ноември 2019•Ажурирај: 30 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - „Амнести Интернешнал“ (Amnesty International) соопшти дека на протестите против покачувањето на цената на бензинот во Иран животот го загубија 161 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Амнести интернешнал“ во писмено соопштение објавено на Твитер, истакна дека на протестите во Иран кои започнаа поради покачувањето на цената на бензинот загинаа најмалку 161 лице.
Во изјавата се нагласува:
„Според веродостојни информации до кои стигна „Амнести интернешенал“, бројот на загинатите на протестите во Иран се искачи на 161.“
„Амнести интернешнал“ во соопштението објавено во понеделникот истакна дека на протестите во земјата загинаа 143 лица.
Во соопштенијата на „Амнести интернешнал“ се истакнува дека демонстрантите биле убиени од безбедносните сили и дека тоа се веродостојни информации кои се потврдени со видеоснимки, сведочења на очевидци и информации на странските активисти.
Иранскиот народ, кој поради американските санкции минува тешки моменти од економски аспект, по трикратното покачување на цената на бензинот излезе на демонстрации во голем број градови низ земјата.
На демонстрациите во голем број градови беа уништени јавни објекти, банки, бензински станици и маркети, а притворени со околу 7.000 лица.