Ömer Faruk Yıldız
11 Октомври 2022•Ажурирај: 13 Октомври 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја доби наградата на Обединетите нации за бегалци „Нансен“ за 2022 година, за нејзината улога во помагањето на луѓето кои бегаа од војната во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меркел ја прими наградата, именувана по норвешкиот истражувач, научник, дипломат и хуманитарец Фридјоф Нансен, на свеченоста во Женева заедно со добитниците на награди од регионот.
Говорејќи на настанот, поранешната канцеларка им се заблагодари на многубројните луѓе во земјата кои волонтираа да помогнат во пречекувањето и организирањето на пристигнувањето на бегалците.
Пофалувајќи ја улогата на Туркије во пружањето засолниште на 3,8 милиони сириски бегалци, Меркел рече дека Туркије презела потежок товар од Германија во бегалската криза.
Во периодот кога Меркел беше на функцијата канцелар, Германија прими над 1,2 милиони бегалци и баратели на азил во 2015 и 2016 година – кога конфликтот во Сирија беше најразгорен, како и конфликтите на други места, според Обединетите нации.