Vesna Besic
07 Октомври 2022•Ажурирај: 16 Октомври 2022
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Аргентинката Алехандра Морено напорно тренира со месеци подготвувајќи се за Светското првенство во ултрамаратон, најтешката трка во светот на атлетиката, јавува Агенција Анадолија (АА).
Морено (58) од Буенос Аирес, мајка на четири ќерки, тренира шест часа дневно. Покрај тренинзите, таа се занимава и со обврските на една баба, грижа за внуците и помагање на ќерките.
Таа ќе трча 246 километри во ултрамаратон „Спартатлон“. Морено рече дека е преокупирана со трошоците за учеството на овие трки, наместо со процесот на подготовка за ултрамаратонот.

„Одам со знамето на мојата земја. Сакам да го видам знамето на мојата земја меѓу сите знамиња на светот. Мислам дека би требало да има малку поголема финансиска поддршка за земјата“, рече Морено.
Како посветена мајка, Морено не го запоставува семејството додека се подготвува за ултрамаратонот. Таа е блиска со ќерките и нејзиното семејство е на прво место. Таа нагласи дека нејзиниот сопруг ѝ е воедно и менаџер и дека многу ја поддржува и охрабрува.

„Во овие долги трки ви требаат луѓе кои ќе ви помогнат и во таа смисла мојот сопруг е со мене од првиот ден. Никогаш не ме пушташе, секогаш беше покрај мене, секогаш ми помагаше“, објасни Морено.
Спартатлонот спаѓа во категоријата на особено тешки ултрамаратони, некои велат и најтешки, поради тешкиот и нерамен терен на кој се трча. Традиционално се одржува во Грција, на патеката од Атина до Спарта, а тркачите поминуваат 246 километри.
