Ethem Emre Özcan
28 Август 2020•Ажурирај: 29 Август 2020
АНКАРА
Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека Асадовиот режим во Сирија во последните четири години уби најмалку 13.278 цивили, додека задржа над 18.600 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на СНХР, извештајот во кои се наведени прекршувањата на човековите права извршени во периодот од август 2016 до август 2020 година во Сирија од страна на Асадовиот режим, е доставен до Комитетот за човекови права на Обединетите нации (ОН).
Во соопштението се вели дека Асадовиот режим од 2004 година до институциите на ОН не доставил ниту еден извештај во врска со прекршувањата на човековите права во земјата.
Се нагласува дека во извештајот се наведени податоци во врска со прекршувањата на човековите права извршени од страна на режимот во повеќе области, како убиство, задржување, тортура и слобода на изразување.
Според извештајот, Асадовиот режим во последните четири години уби најмалку 13.278 цивили, од кои 2.773 деца и 1.445 жени.
Во овој период, се вели во извештајот, Асадовиот режим изврши 52 напади со хемиско оружје, додека 109 цивили загинаа како резултат на недоволна исхрана предизвикана од опсадата која Асадовиот режим ја врши врз зони кои се под контрола на воената опозиција.
Сириската мрежа за човекови права нагласи дека режимот во текот на граѓанската војна во Сирија, задржал стотици илјади цивили, додека откриени се идентитетите на над 18.642 лица кои биле задржани во овој период.