Hacer Başer
28 Август 2020•Ажурирај: 29 Август 2020
ГАЗА
Израелската војска бомбардираше некои позиции на Хамас во Појасот Газа кој е под блокада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на израелската војска објавено на Твитер, со авиони и тенкови се погодени некои точки на Хамас со образложение дека кон израелската страна се лансирани запаливи балони.
Според информациите добиени од палестинските извори, израелските авиони погодија позиција и набљудувачка точка на бригадите „Изедин ел Касам“, кои се воена гранка на Хамас во Газа и во градот Рафа.
Во нападот нема жртви или повредени.
Израелската војска објави уште едно соопштение на Твитер во кое тврди дека од Газа кон израелската страна се лансирани 6 ракети.
Израелската војска често врши воздушни напади на граничните зони за кои тврди дека се местото каде што се подготвуваат запаливите балони во Газа.
Палестинците кои живеат во Газа велат дека со овој метод имаат за цел ублажување на тешката блокада која Израел ја врши од 2007 година досега.