Enes Kaplan
10 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
МЕКА (АА) - Околу 1 милион муслимани во светиот град Мека во Саудиска Арабија го завршија аџилакот и станаа аџии, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поминувајќи го последниот ден од аџилакот во молитви на брдото Арафат, а потоа пристигнувајќи во Муздалифа, муслиманите учествуваа во симболичното „каменување на ѓаволот“ во Џамрат ал Акаба.
Муслиманите го изведоа Таваф ал-Зијара - ритуал на одење седум пати помеѓу двата мали рида Сафа и Марва.
Тие го завршија аџилакот со симболичното бричење, односно потстрижување на главата и соблекувајќи ги ихрамите, карактеристичната бела облека за аџилак.
Саудиските власти, кои не примаа аџии од странство во 2020 и 2021 година поради пандемијата на Ковид-19, претходно соопштија дека на речиси 1 милион муслимани помлади од 65 години ќе им биде дозволено да извршат аџилак годинава.
Аџилакот претставува еден од петте столбови на исламот. Од муслиманите се бара да го извршат барем еднаш во животот доколку имаат финансиски средства.