Dildar Baykan Atalay
19 Јули 2022•Ажурирај: 20 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, го поздрави почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со Европската Унија (ЕУ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„САД ги поздравуваат важните чекори што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западниот Балкан во евроатлантската заедница преку отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија за ЕУ“, истакна Бајден во писмено соопштение.
Укажувајќи на руско-украинската војна, Бајден рече дека во овој случај единството на Европа станало поважно, и дека Западниот Балкан останува важен во постигнување на оваа визија.
„САД ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер додека тие народи работат на одбрана на човековите права, зајакнување на демократските реформи и поддржување на владеењето на правото. Чекорите кои ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги направија во последните денови треба да ги инспирираат сите земји аспиранти за членство во ЕУ во регионот да ја зголемат посветеноста за зајакнување на своите демократии“, додаде Бајден.