Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
19 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
КУДС (АА) - Израел регистрираше над 100 случаи на мајмунски сипаници, соопшти Министерството за здравство на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Мајмунските сипаници се вирусно заболување што се карактеризира со настинка, осип со везикули исполнети со течност и отечени лимфни јазли“, додаде Министерството во соопштението.
Министерството апелираше до граѓаните со симптоми да одат на доктор.
Според соопштението, израелските власти се во процес на набавка на 12.000 дози вакцини против овој вирус, додавајќи дека 2.000 дози ќе пристигнат веднаш, а останатите во наредните недели.
Минатата недела, шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, рече дека случаите со коронавирус и смртните случаи се зголемуваат, додека случаите со мајмунски сипаници исто така се зголемуваат со 9.200 случаи пријавени во 63 земји.