Gizem Nisa Çebi
14 Април 2024•Ажурирај: 15 Април 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден, наводно, му кажал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на вчерашниот телефонски разговор дека САД нема да поддржат израелски контранапад против Иран, изјави висок претставник на Белата куќа, пренесува Анадолу.
„Добивте победа. Прифатете ја победата“, истакнал Бајден советувајќи го Нетанјаху да ја прифати нивната победа, посочувајќи ја ефикасноста на нивните заеднички одбранбени потфати, веб-страницата „Аксиос“ цитираше претставник на Белата куќа.
Како што јави Си-ен-ен, висок претставник на администрацијата денес откри дека Џо Бајден му пренел на Бенјамин Нетанјаху за време на телефонскиот разговор синоќа дека САД нема да се вклучат во офанзивни операции против Иран.
Оваа изјава доаѓа во пресрет на зголемените тензии по одмаздничките напади на Иран врз Израел.
Според „Аксиос“, претставникот на Белата куќа го нагласил разбирањето на Нетанјаху за ставот на САД, истакнувајќи го прифаќањето на израелскиот премиер дека САД ќе се воздржат од офанзивни операции против Иран, но ќе ја задржат поддршката за таквите акции.
На 1 април, Израел изврши воздушен напад врз зградата на иранскиот конзулат во Дамаск во кој загинаа седум лица, од кои двајца генерали на Иранската револуционерна гарда.
Иран го прогласи нападот на Израел како напад на иранска територија и вети одмазда, додека Израел вети одговор на акциите на Иран.
Синоќа Иран започна опсежни напади врз Израел, користејќи беспилотни летала камикази, балистички и крстаречки ракети.
Додека Иран тврди дека погодил одредени воени цели, Израел вели дека повеќето од нападите биле спречени од системите за противвоздушна одбрана, и дека само еден проектил погодил воена база во јужниот регион.