Mehmet Alaca
21 Мај 2022•Ажурирај: 22 Мај 2022
СЕУЛ (АА) - Продолжувајќи ја азиската турнеја, претседателот на САД, Џо Бајден, потпиша одлука за пакет помош за Украина од 40 милијарди долари, известува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на пакетот за помош, чија цел е поддршка на Украина, до септември САД ќе обезбедат 20 милијарди долари воена помош.
САД на Украина ќе ѝ дадат 8 милијарди долари за општа економска поддршка, 5 милијарди за помош во храна во екот на глобалниот недостаток на храна, што би можел да биде последица од колапсот на земјоделието во земјата и милијарда долари за помош на бегалците.
Американскиот Сенат на 19 мај го одобри пакетот помош од 33 милијарди долари што Бајден го побара за Украина, а Претставничкиот дом го зголеми на 40 милијарди.