Betül Yürük
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
ЊУЈОРК
Водечкиот претендент за претседателски кандидат од редот на Демократската партија, Џо Бајден изјави дека претседателските избори не би требало да се одложуваат поради Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поранешниот потпретседател на САД за телевизијата Ен-би-си зборуваше за можните последиците од Ковид-19.
Бајден истакна дека поради пандемијата би можел да се смени начинот на гласање, но не и датумот на изборите.
„Би сакал да може лично да се гласа, но тоа зависи од ситуацијата со пандемијата. Но, не смееме да ги одложуваме ноемвриските избори“, изјави Бајден.
Бајден додаде дека претседателските избори мораат да се одржат на 3 ноември како што е предвидено претходно.