Hasan Esen
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа од заразување со Ковид-19 починаа уште 786 лица, со што вкупниот број на починати во таа земја се зголеми на 6.159, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Велика Британија соопшти дека во изминатите 24 часа се тестирани 14.006 лица.
Заразата е потврдена кај уште 3.634 лица, со што вкупниот број на заразени изнесува 55.242.
Во соопштението на британското министерство за здравство се вели дека денес е забележан рекорден број на починати во еден ден од почетокот на епидемијата, а станува збор за 786 жртви.
Коронавирусот на 25 март е потврден кај принцот Чарлс и подоцна кај британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за здравство Мет Хенкок.