Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Септември 2019•Ажурирај: 15 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа соопшти дека во рамки на операцијата реализирана на граничната зона меѓу Авганистан и Пакистан, убиен е Хамза бин Ладен, синот на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен, кој е припадник на Ал Каеда од висок ранг, е убиен во рамки на операцијата на САД за борба против тероризмот во граничната зона Авганистан-Пакистан“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Во соопштението не се дадени информации за времето на неговото убиство.