Ekipa
19 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Карл Декалув, гувернерот на белгискиот западен регион Фландрија, соопшти дека е пронајдена неоштетена германска подморница од Првата светска војна во којашто се наоѓаат тела на 23 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Декалув денес изјави дека подморницата е откриена на дното на Северното Море во близина на белгискиот брег, и дека тоа откритие е единствено.
„Во предниот дел на подморницата пронајдено е оштетување од ударот, но подморницата останала затворена, заедно со телата на 23 лица во внатрешноста“, рече Декалув.
Тој додаде дека подморницата ја пронашле истражувачи, но одби да изнесе детали за локацијата сѐ додека таа не биде заштитена.
Гувернерот на Фландрија истакна дека го контактирале германскиот амбасадор во Белгија: „Има тела во подморницата и мораме да видиме што ќе правиме со нивните посмртни останки“.