Şerife Çetin
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
БРИСЕЛ (АА) – Тужбата поднесена од ученичка против администрацијата на едно училиште во Лувен, во Белгија, која забрани носење марама во училиште, заврши во корист на ученичката, пренесува Anadolu Agency (AA).
Основниот суд во Лувен донесе пресуда дека ученичката ќе може да носи марама.
Адвокатот на ученичката, во изјавата за белгиските медиуми, рече: „За мојот клиент, носењето марама е неопходност за да ги исполни своите верски обврски. Судијата досуди дека забраната за марами ги крши верските слободи.“
Советот за образование на фламанската заедница (ГО) во 2013 година соопшти дека донеле одлука за забрана на носење марама во фламанскиот дел на земјата и дека таа забрана важи за сите училишта од тој дел.
Како резултат на поднесените тужби, белгискиот Државен совет донесе пресуда дека забраната е „непропорционална“. Минатата година, исто така, родителите на 11 деца поднесоа тужба во областа Машмехелен во Белгија, и тогаш судот донесе одлука во корист на учениците.
Во овој контекст, првостепениот Суд во Тонгерен соопшти: „Судот, имајќи ги предвид одредбите на Европската конвенција за човекови права, донесе одлука дека европските земји треба да им дозволат на своите граѓани да ја практикуваат својата религија. Забраната на училиштето е спротивна на верските слободи“.