Zafer Fatih Beyaz
27 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ероган, и неговиот руски колега, Владимир Путин, се состанаа денес на Меѓународниот аеродром „Жуковскиј“ во Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува лидерите да разговараат за билатералните односи, но и за регионални и меѓународни теми, особено за Сирија.
„На дневен ред се наоѓаат чувствителни регионални прашања за кои ќе разговараме“, изјави Путин на почетокот на состанокот отворен за медиуми.
По состанокот ќе биде одржана прес-конференција.
Ердоган и Путин претходно денес присуствуваа на церемонијата за отворање на Меѓународниот саем за авијација и вселенски истражувања, MAKС-2019, кој се смета за еден од водечките настани од овој вид во светот.
Путин на саемот го информираше Ердоган за карактеристиките на рускиот бомбардер од петтата генерација, „Su-57“.