Mahmoud Barakat
18 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
ТРИПОЛИ
Либиската Влада на националната спогодба (GNA) денес ги обвини Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за извршувањето воздушен напад источно од Триполи, во кој загинаа седум лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на либиската Влада на националната спогодба (GNA) соопшти дека во воздушниот напад, кој бил насочен на фабрика за бисквити во областа Вади Рабие, загинале двајца Либијци и пет странски работници, додека 15 други биле повредени.
Во соопштението на воената команда на операцијата „Вулкан на бесот“, поврзана со либиската Влада на националната спогодба (GNA), се вели дека воздушниот напад бил извршен од беспилотно летало на ОАЕ.
Нема коментар од Обединетите Арапски Емирати за обвинението.
Силите со седиште во Источна Либија во сојуз со воениот командант Калифа Хафтар во април започнаа воена кампања за заземање на Триполи, каде што се наоѓа седиштето на ГНА.
Според Светската здравствена организација (СЗО), во судирите меѓу двете страни загинаа над 1.000 лица, а околу 5.500 беа повредени.
Либија е средиште на превирања од 2011 година, кога востанието поддржано од НАТО доведе до соборување и смрт на дотогашниот лидер Муамер Гадафи, кој беше на власт во земјата цели четири децении.
Оттогаш, силните политички поделби во земјата создадоа две ривалски места на моќ: едно во источниот град Бенгази, каде што се сконцентрирани силите на Хафтар, а другото во Триполи, поддржано од ОН.