Emre Gürkan Abay
18 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
МОСКВА
Претседателот на Русија, Владимир Путин, оствари телефонски разговор со францускиот претседател, Емануел Макрон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Кремљ, Путин и Макрон размениле мислења во врска со настаните во Украина пред самитот на Нормандискиот квартет во врска со Украина, што се планира да се одржи на 9 декември.
Во ова соопштение се наведува дека Путин го информирал Макрон во врска со тоа дека Русија ѝ ги вратила на Украина трите брода запленети при минатогодишниот инцидент во Керченскиот Теснец.
„Во разговорот беше подвлечено дека самитот на Нормандискиот квартет треба да го забрза спроведувањето на договорите од Минск“, се вели во соопштението.
Двајцата лидери укажале на важноста од започнувањето со работа на Уставниот комитет на Сирија, а постигнале усогласување за продолжување на координативните работи на министерствата за одбрана на Русија и Франција во насока на борбата против терористичката закана во регионот.
Инаку, на 9 декември во Париз се очекува да се одржи самитот на Нормандискиот квартет, кој е составен од Германија, Русија, Франција и Украина.