Zehra Ulucak
27 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
МЕКСИКО (АА) - Во експлозија на нафтовод која се случи во мексиканската сојузна држава Идалго на 18 јануари загинаа 114 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за здравство на Мексико, Хорхе Алкосер, соопшти дека починале 46 лица кои биле хоспитализирани по експлозијата, поради шти бројот на загинатите лица е зголемен на 114.
Алкосер појасни дека 33 лица сѐ уште се наоѓаат на лекување.
Трагедијата се случи по три недели откако новиот мексикански претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор започна офанзива против банда на разбојници кои дупчеле нафтоводи и правеле илегални приклучоци за да извлекуваат гориво. Минатата година биле забележани 14.894 нелегални приклучоци, од кои 2.121 во Идалго.
Кражбата на гориво годишно Мексико го чини околу 3 милијарди долари, а властите затворија некои нафтоводи.