Duygu Yener
07 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
АНКАРА (AA) - Турските вооружени сили на 168. ден од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, во северна Сирија бомбардираа 203 упоришта на терористичката организација ДЕАШ. Во текот на денот, во судирите и акциите беше неутрализиран 21 терорист, јавува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата започна на 24. август минатата година, со цел да се зајакне безбедноста на турско-сириската граница и да се отстрани опасноста од ДЕАШ, која и понатаму трае.
Бомбардирани се одбранбени позиции, засолништа, штабови, оружја и возила на терористичката организација ДЕАШ.
Авионите на воздушните сили на Турција на подрачјето на Ал-Баб и Бзагах изведоа напади на 65 упоришта на ДЕАШ. Уништени се 64 објекти и возило со оружје.
Од почетокот на офанзивата, до денес се уништени 3.719 импровизирани експлозивни направи и 57 мини.