Sayed Khodaiberdi Sadat
09 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
КАБУЛ - Во бомбашкиот напад врз конвојот во Кабул, главниот град на Авганистан, во раката е ранет првиот заменик-претседател Амрулах Салих, известува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Тарик Арјен, за медиумите изјави дека е извршен напад врз службеното возило на првиот заменик-претседател Амрулах Салих во време кога минувало низ подрачјето Таимани во Кабул.
Арјен соопшти дека првиот заменик-претседател Салих во нападот е ранет во рака. Според првичните информации, животот го загубија 2 лица, а 12-мина се ранети.
Од друга страна, заменик-претседателот Салих во својата објава на социјалните мрежи вели дека во нападот е ранет во раката, додавајќи дека ваквите напади не можат да ја спречат неговата борба.
Силината на експлозијата ги скрши прозорците на околните згради. Затворени се сите патишта што водат до местото на нападот.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.