Ossama Elshamy
04 Јануари 2016•Ажурирај: 04 Јануари 2016
КАБУЛ (АА) - Бомбаш самоубиец утринава со автомобил-бомба изведе напад на контролен пункт на полицијата во непосредна близина на аеродромот "Хамид Карзаи" во главниот град на Авганистан, Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата во Кабул, Абдул Рахман Рахими, соопшти дека во нападот загинал само напаѓачот самоубиец, а дека целта на неговиот напад најверојатно бил аеродромот.
Според него, бомбашот го активирал експлозивот во автомобил во моментот кога се приближил до контролниот полициски пункт на влезот во комплексот на аеродромот, а во моментот на експлозијата во близина немало никого.
Само еден час пред експлозијата, во Кабул од Индија пристигна авганистанската фудбалска репрезентација која учествуваше на јужноазискиот турнир.
"Безбедносните мерки на и околу аеродромот утринава беа на високо ниво поради најавеното доаѓање на фудбалската репрезентација. Мислиме дека крајната мета на напаѓачот биле аеродромот и фудбалерите", изјави Рахими.
Авганистанските сили за безбедност веќе со години се борат против радикалното талибанско движење, а и терористичката организација ДАЕШ која ги интензивираше активностите на тоа подрачје.
Доцна синоќа, вооружени лица изведоа напад на Конзулатот на Индија во Мезар-и-Шериф, на северот на Авганистан. Во Кабул, ден претходно во напад на француски ресторан убиени се две а ранети 15 лица.