Laith Joneidi,Halit Süleyman
21 Јануари 2017•Ажурирај: 22 Јануари 2017
АМАН (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а 14 се повредени во напад извршен во близина на бегалскиот камп Ер Рекбан на јорданско сириската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот е извршен на полноќ со автомобил-бомба. Официјалните лица на кампот изјавија дека автомобилот-бомба експлодирал во близина на бегалскиот камп. Загинаа шест, а ранети се 14 лица.
Официјалните лица наведуваат дека ранетите лица се хоспитализирани и дека меѓу нив има и тешко повредени.
Во кампот Рекбан, за влез во Јордан, чекаат повеќе од 85.000 Сиријци. И кон крајот на минатата година во кампот дојде до експлозија во која имаше смртно страдани и повредени.