Sayed Khodaberdi Sadat
21 Јануари 2017•Ажурирај: 22 Јануари 2017
КАБУЛ (АА) - Во судирот кој настана по извршениот напад од страна на талибанските милитанти врз една полициска станица во провинцијата Кандахар, јужен Авганистан, загинаа 43 лица, меѓу кои се и 16 полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата во Кандахар, Зија Дурани во својата изјава за АА истакна дека се случил судир кога милитантите од четири страни ја нападнале полициската станица во областа Сур Багал.
Дурани истакна дека во судирот кои биле убиени 27 милитанти, а дека 16 полицајци го загубиле својот живот.
Исто така, портпаролот Дурани изјави дека меѓу талибанските милитанти кои извршија напад врз полициската станица, имало и странски државјани. Тој додаде дека милитантите избегале од местото на настанот со доаѓање на засилувањето.
Од Талибан сеуште нема никакво соопштение во врска со настанот.