Gülşen Topçu
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а 18 се повредени во експлозии во Багдад и Киркук, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу загинатите се наоѓаат и членови на терористичка организација ДЕАШ. Дехам Ал Махмуд од Министерството за внатрешни работи на Ирак, изјави дека две лица загинаа, а девет се повредени како резултат на активирање на експлозивна направа пред ресторан во областа на Ел-Емин во источниот дел на Багдад.
Уште едно лице загина, а петмина се повредени во експлозија на бомба во областа на Ел-Kурејата.