Ekipa
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
БРИСЕЛ (AA) – Функционерите на аеродромот Завенетем во Брисел соопшти ја дека нема да има летови најрано до вторник, за да можат да ја проценат штетата направена по двете експлозии кои се случија на 22 март во кои загинаа 11 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите ја завршија својата истрага на местото на настанот на аеродромскиот терминал, што им оневозможи на инжинерите да ја проверат сигурноста на конструкциониот систем во делот на зградата каде се случија експлозиите. Мора да се проверат и евентуалните оштетувања на информатичко-технолошкиот систем. Кога сето тоа ќе се утврди ќе биде потребно да ја санираме причинетата штета, наведоа од аеродромот Завентем.
Од компанијата "Bruxelles Airport" во сабота објавила дека ја разгледуваат опцијата за привремено решение со цел делумно да се обнови сообраќајот на патничките авиони, земајќи ги во предвид новите безбедносни мерки кои мораат да се воведат со одлуката на белгиската Влада.
Низ аеродромот Завентем годишно поминуваат 23,5 милиони патници. Тој го повезува Брисел со 226 места во целиот свет и опслужува 77 различни авиокомпании.