Selen Temizer
13 Јули 2021•Ажурирај: 14 Јули 2021
БРИСЕЛ (АА) - Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, изјави дека ЕУ очекува Израел да стави крај на конфликтот со Палестина во рамките на дводржавното решение и нагласува дека безбедноста на Израел ќе биде обезбедена само на тој начин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нагласувајќи дека за безбедноста на Израел не може да се преговара, Борел по Советот за надворешни работи на ЕУ изјави дека во исто време очекуваат Израел да понуди политичка перспектива за ставање крај на конфликтот. Пронаоѓањето решение со Палестинците може да придонесе само за безбедноста на Израел.
Во врска со тековната ситуација во Авганистан, Борел изјави дека борбите имаат големо влијание врз цивилите.
„Министрите, едногласно, ги повикаа талибанците да се вклучат во суштински мировни преговори“, порача тој.
Борел исто така ги повика регионалните актери да придонесат во мировниот процес во Авганистан.
Откако американскиот претседател, Џо Бајден, во мај објави план за напуштање на Авганистан, талибанците зазедоа над 150 области во земјата погодена од војна.