Ekipa
24 Јануари 2022•Ажурирај: 25 Јануари 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) не ги следи Соединетите Американски Држави (САД) во повлекувањето на семејствата на дипломатите од Украина, изјави денес високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, во услови на сè поголемиот страв од руска инвазија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Мислам дека не треба да ги трауматизираме тековните преговори. Мислам дека не треба да си заминеме. Но, можеби државниот секретар Ентони Блинкен има повеќе информации да сподели со нас“, изјави Борел за новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Министрите ќе ги оценат предлозите на Москва за европските безбедносни аранжмани и зајакнувањето на Армијата во и околу Украина, а Блинкен се очекува да се приклучи на седницата преку видеолинк.
Претходно, американската Влада им нареди на семејствата на вработените во американската Амбасада во Украина да ја напуштат земјата.
Во предупредувањето „Стејт департментот на 23 јануари им дозволи на вработените директно ангажирани во американската Амбасада во Киев доброволно да ја напуштат Украина поради постојаната закана од руска воена акција и им наложи на членовите на нивните дипломатски семејства да заминат“.
Тие истакнаа дека постојат вести дека Русија планира воена операција против Украина.
„Безбедносните услови се непредвидливи и може да се влошат во секој момент, особено по должината на границите на Украина“, се вели во соопштението.