Dmitri Chirciu
18 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
МОСКВА
Еден ученик во регионот Перм во Русија отвори оган со пиштол што го донел во училиште, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Министерството за внатрешни работи на Русија, во селото Сарс во регионот Перм, ученик од 6 одделение пукал двапати со пиштолот што го донел во училиштето.
Директорот на училиштето му го одзел оружјето на ученикот. Веднаш по настанот ученикот е приведен.
Се нагласува дека нема жртви или повредени во инцидентот.
Во соопштението се наведува дека ќе се спроведе истрага за фирмата која го обезбедува училиштето во кое наставата е во прекин.
Како резултат на вооружениот напад на универзитетот во Перм на 20 септември, 6 лица загинаа, а 20 лица беа повредени.