Mohammad Fahim Abed
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
КАБУЛ (АА) - Со упадот на авганистанските сили во затворот во јужниот дел на Авганистан се ослободени 66 луѓе кои биле заробени од страна на талибанците, јавува Anadolu Agency (AA).
Затворот, кој се наоѓа во градот Хелманд, им припаѓа на Талибанците.
Давут Сах Вефадар, официјален претставник на војската на Авганистан во Хелманд, изјави дека специјалните единици на авганистанската армија минатата ноќ извршиле акција на затворот на талибанците.
Како што тој вели, биле ослободени 66 луѓе кои беа една година во рацете на талибанците.
Вефадар додаде дека во операцијата биле убиени двајца милитанти, а тројца се повредени. Талибанците сè уште не даваат никакво соопштение.