Ahmet Gürhan Kartal
30 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Според податоците објавени од страна на Канцеларијата за национална статистика (ONS), нето-миграцијата на Велика Британија во јуни опадна на 230.000 во рок од една година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во првата вкупна годишна објава на податоци по минатогодишниот референдум за Брегзит, бројката на нето-миграцијата во период од една година, во јуни опадна за 106.000.
Три четвртини од намалувањето отпаѓа на граѓаните на ЕУ кои ја напуштија Британија по референдумот за ЕУ одржан на 16 јуни 2016 година.
Шефот за меѓународна статистика на ОНС, Никола Вајт, рече дека иако нето-миграцијата сè уште ја зголемува популацијата во Велика Британија, постои значајно статистичко опаѓање.
„Падот уследи по историското високо ниво на имиграција, и премногу е рано да се каже дали ова претставува долгорочен тренд“, вели таа.
„Овие промени укажуваат на тоа дека Брегзит веројатно ќе биде фактор во одлуката на луѓето да се преселат во или надвор од Велика Британија – но одлуките за мигрирање се комплексни, а исто така, и други фактори ќе влијаат на бројките“, додаде таа.
Допрва треба да се донесе конечен договор за иднината на граѓаните на ЕУ што живеат во Велика Британија. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ во март 2019 година, со што ќе го заврши своето 44-годишно членство во блокот.