Ahmet Gürhan Kartal
03 Јануари 2019•Ажурирај: 04 Јануари 2019
ЛОНДОН (АА) - Британскиот министер за внатрешни работи, Саџид Џавид, побара од Кралската морнарица да патролира низ каналот Ла Манш, за да ги спречи премините на мигрантите од Франција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саџид Џавид напиша писмо до британскиот секретар за одбрана, Гевин Вилијамсон, за да побара распоредување на бродот во водите на Ла Манш, а Вилијансон одговори дека бродот „HMS Mersey“ е подготвен да заплови ноз каналот, објави телевизискиот канал „Скај њус“ (Sky News).
Вооружените сили „се подготвени да обезбедат дополнителен капацитет и експертиза, со цел да му помогнат на Министерството за внатрешни работи во однос на преминувањата на мигрантите“, рече портпаролот на британското Министерство за одбрана.
Џавид претходно оваа недела го соопшти прераспоредувањето на два брзи патролни брода на граничните сили од водите на Медитеранот.
Овој потег е преземен поради зголемувањето на бројот на мигрантите кои стигнаа до брегот на Велика Британија, кој изнесува најмалку 220 од месец ноември. Еден британски и ирански државјанин беа притворени под сомнение дека им помагаат на мигрантите да го преминат каналот Ла Манш.
Британскиот министер Џавид, исто така, побарал и распоредување на одреден број морнари, како и воздушен надзор, со цел да се прекинат преминувањата.
Тој заедно со францускиот министер за внатрешни работи минатата недела се согласи да ги интензивираат напорите за ставање крај на преминувањата во Велика Британија од брегот на Франција.