Gökhan Kurtaran
09 Јуни 2016•Ажурирај: 10 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Британската компанија "British Petroleum" (BP) соопшти дека на Медитеранот, поточно на западниот дел од долината на реката Нил, открила ново поле богато со висококвалитетен природен гас, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека на подрачјето Балтим на северниот дел на Египет, со дупчење е откриен слој на природен гас од 62 метри и тоа на длабочина од 3.750 метри.
Новото поле на природен гас се наоѓа на 12 километри од египетскиот брег на Средоземното Море.
Од компанијата наведуваат дека станува збор за богати резерви на природен гас кои се поврзани со нафтеното поле Норос кое е откриено во јули минатата година и кое моментално дава 65.000 барели нафта дневно.
„Многу сме задоволни со резултатите на истражување на полето „SW-1” во Балтим. Ова е трето откритие на извори долж појасот Норос кој додатно ќе ги потврди нашите тврдења за потенцијалите на енергетските резерви на тоа подрачје”, изјави челникот на "BP" за подрачјето на Северна Африка.