Ahmet Gürhan Kartal
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
ЛОНДОН (АА) - Британскиот амбасадор во Соединетите Американски Држави (САД), Ким Дерок, поднесе оставка три дена откако во јавност излезе извештајот напишан од негова страна со критики упатени кон американскиот претседател и неговата администрација, јавува Anadolu Agency (AA).
Ким Дерок поднесе оставка денес, откако американскиот претседател, Доналд Трамп, одби да соработува со него и покрај „посебните односи“ што ги имаат Велика Британија и САД.
Британскиот амбасадор напиша писмо до Министерството за надворешни работи, потврдувајќи ги шпекулациите во врска со тоа дали тој ќе остане амбасадор, додавајќи: „Сакам да се стави крај на оваа шпекулација. Моменталната ситуација е таква што е невозможно повеќе да ја извршувам својата функција, како што јас би сакал“.
Високиот официјален претставник на Велика Британија, Симон Мекдоналд, изјави дека тој ја прифатил оставката со длабоко жалење, пофалувајќи го дигнитетот и професионализмот на Дерок.
Во дописите што протекоа во јавноста британскиот амбасадор го опишува Трамп како „некомпетентен“, „несоодветен“ и „нестабилен“.
Американскиот претседател на почетокот од оваа недела на социјалната мрежа Твитер упати критики до Дерок и до британската премиерка Тереза Меј.